Концертот што го одржа Тејлор Свифт во Сиетл на 22 и 23 јули се одбележа со нешто навистина неверојатно.
Имено, од танцувањето на фановите се предизвика сеизмичка активност со јачина од 2,3 степени.
„Буквално можете да почувствувате тресење под Вашите нозе“, велат некои од фановите.
Оваа енергија ја почувствува и самата пејачка и им се заблагодари на фановите за сите емоции што ги пренесуваат.