Категории

Domino’s Pizza ги затвора сите свои објекти во Русија

Откако McDonald’s и Starbucks ја напуштија Русија пред речиси една година, оваа година Domino’s Pizza го прави истото.

Имено, ги затвораат сите свои 143 продавници.

Компанијата е трет по големина бизнис за испорака на пици во земјата, но по војната со Украина станува се потешко да се одржуваат овие бизниси.

McDonald’s и Starbucks беа преземени од локалното население под нова сопственост и брендирање, а се очекува истото да се случи и со Domino’s Pizza.

Прегледи:
223
Објавено на:
24.08.2023