Категории

Вештачката интелигенција се најде од помош на парализирана жена

И покрај големите стравови дека вештачката интелигенција еден ден може многу да ни наштети доколку не се стави под контрола, истата има и многу предности.

Имено, парализирана жена не можеше да зборува после мозочен удар којшто го добила пред 18 години.

Сепак, мозочен имплант и технологијата за вештачка интелигенција се најдоа од огромна помош за овој случај.

Ова им овозможи на научниците да можат да ги декодираат сигналите од мозокот на жената и истите да ги претстават како аватар што зборува зборови на комјутерски екран.

Жената можеше повторно да зборува едноставно преку мислење.