Категории

МОНИКА ЦРНОКРАК Е НОВОТО ЛИЦЕ НА ГОЛДЕН КАРПЕТ, КОЈ СТАРТУВА ВО НОВАТА СЕЗОНА ВО НОВО СТУДИО.

ЕДНА ОД НАЈГЛЕДАНИТЕ ЗАБАВНИ ЕМИСИИ НА КАНАЛ 5, ГОЛДЕН КАРПЕТ НА 5 НОЕМВРИ, НЕДЕЛА, ВO 19:30 ЧАСОТ ЗАПОЧНУВА СО НОВАТА, ЧЕТВРТА СЕЗОНА, ВО КОЈА СЕ НАЈАВУВААТ МНОГУ ПОЗИТИВНИ  ПРОМЕНИ КАКО И ЕКСЛУЗИВНИ ГОСТИ, ИГРИ, ПРЕДИЗВИЦИ И НОВО СТУДИО.

КАКО И ДО СЕГА, МИРО КАЦАРОВ Е ДОМАЌИН, А ДРУШТО ОВАА ГОДИНА ЌЕ МУ ПРАВАТ ДВЕ ДАМИ КОИ  Ѝ СЕ ДОБРО ПОЗНАТИ НА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ.

ИНФЛУЕНСЕРКАТА ИВАНА ЈАНКОВСКА ОСТАНУВА ВО ТИМОТ, А СЕ ПРИКЛУЧУВА МИСИЦАТА МОНИКА ЦРНОКРАК, НА КОЈА ОВА ЌЕ И БИДЕ ПРВО СЕРИОЗНО ТЕЛЕВИЗИСКО ИСКУСТВО.

КОМИЧАРОТ И АКТЕР БОЈАН ВЕЛЕВСКИ ИСТО ТАКА ГО ЗАСИЛУВА ТИМОТ СО СВОЈА РУБРИКА КОЈА ЌЕ ЈА ИМА СЕКОЈА НЕДЕЛА ВО 19:30.

ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ВО ГОЛДЕН КАРПЕТ ГИ ГЛЕДАВМЕ НАЈПОПУЛАРНИТЕ МУЗИЧАРИ, НАЈУСПЕШНИТЕ ДОКТОРИ, НАЈПОЗНАТИТЕ АКТЕРИ, НАЈТРОФЕЈНИТЕ СПОРТИСТИ И НАЈЕМИНЕНТНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ОД МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ.

Прегледи:
271
Објавено на:
25.10.2023