За да комуницираат едни со други, истражувачите открија дека мачките користат 300 различни изрази на лицето.
За да се соберат податоци, за време 0д една година се снимале видео снимки од интеракција меѓу 53 мачки.
Понатаму, сигналите се анализирале, а добиените резултати покажале дека од сите изрази на лицето, 45 % биле категоризирани како пријателски, 37% биле агресивни и 18 % биле двосмислени.
Додека студијата покажала некои сознанија за емоциите и однесувањето на мачките, сепак истражувачите не биле во можност да откријат што точно значи секој посебен израз на лицето.