Категории

Какви видови на интелигенција постојат?

Многумина од луѓето сметаат дека да се биде интелигентен или паметен значи да се има логика и да се има висок коефициент на интелигенција.

Сепак, сите луѓе се различни и имаат различно развиени хемисфери во мозокот.

Додека кај некои личности е подоминатна левата хемисфера, онаа „логичната“, кај други луѓе е поразвиена десната или „покреативната“ хемисфера. 

Како резултат на тоа, постојат повеќе видови на интелигенција, а тоа се следниве:

  • Вербално-јазична интелигенција

Доколку го поседувате овој вид на интелигенција Вие умеете да владеете со јазици, вклучувајќи пишување, читање и вербална комуникација.

  • Логичко-математичка интелигенција

Луѓето со овој вид на интелигенција имаат способност за решавање на логички математички проблеми.

  • Визуелно-просторна интелигенција

Овој вид на интелигенција се однесува на способноста точно да се согледа визуелниот свет и да се манипулира со менталните слики. Доколку го поседувате овој вид на интелигенција, Вие веројатно се истакнувате во цртање, читање мапи и просторна навигација.

  • Музичка интелигенција

Луѓето со овој вид на интелигенција имаат чувство за ритам и слух во музиката. Тие имаат способност да свират на музички инструменти, да компонираат музика или да пресоздаваат веќе постоечки музички дела.

  • Телесно-кинестетичка интелигенција

Овој вид на интелигенција се однесува на истакнување во спорт, танц или други физички определби.

  • Интерперсонална интелигенција

Се однесува на способноста за разбирање и поврзување со други луѓе.

  • Интраперсонална интелигенција

Луѓето со овој вид на интелигенција имаат самосвест и разбирање на сопствените емоции, мотивации и цели.

  • Натуралистичка интелигенција

Се однесува на фокус кон природниот свет, вклучувајќи ја способноста да се препознаат различни елементи на животната средина.

 

Прегледи:
273
Објавено на:
05.12.2023