Вселенската агенција НАСА планираше да испрати четворица астронаути околу Месечината кон крајот на оваа година, но ја одложи мисијата до септември 2025 година.
Поради грижите за безбедност за своите вселенски летала како и грижите за костимите со кои ќе се патува, НАСА одлучи да го одложи ова патување.
Од вселенската агенција велат дека безбедноста е нивен приоритет, а одложувањата ќе им дадат време на тимовите да се соочат подобро со предизвиците.
Напорите на НАСА за слетување на Месечината беа постојано одложувани во текот на последната деценија, со што трошоците се зголемија за милијарди долари.