Медисон Марш, 22-годишна девојка којашто е поручник во американските воздухопловни сили, беше крунисана за Мис на Америка 2024.
Натпреварот се одржа во Орландо, Флорида, а девојката ја претставуваше државата Колорадо.
Во настанот учествуваа педесет и еден натпреварувач, претставувајќи ги сите сојузни држави во САД, како и округот Колумбија.
Во биографијата на Медисон Марш стои дека во своето слободно време обожава да лета авиони, да готви паста и да чита.