Категории

Јапонија се надева дека ќе ја спаси мисијата на Месечината!

Откако јапонските научници го испратија своето летало „Слим“ успешно на Месечината, се поставуваше прашањето дали леталото успеало да слета како што треба и дали е оштетено.

Леталото се исклучи 3 часа по слетувањето на Месечината за да заштеди енергија.

Јапонија се надева дека ќе успее да ја спаси оваа мисија доколку сончевата светлина допре на вистинското место.

Инженерите дојдоа до сознание дека соларните ќелии се насочени кон запад, подалеку од Сонцето и поради тоа не може да се генерира електрична енергија.

Сите се надеваат дека условите за осветлување ќе се променат и мисијата би била успешна.