Повод: 40 години од албумот ,,Позитивна географија” и почетокот на соло кариерата на Бајага!
Во 1984-та година, Бајага & Инструктори го издадоа ремек делото ,,Позитивна географија”.
Таа пролет, албумот беше доста срамежливо промовиран во три града и три сали:
Белград – ,,Дом синдиката”
Загреб – ,,Кулушиќ”
Скопје – ,,Дом на млади – 25 мај”.
Оваа пролет, Бајага веќе закажа и распродаде концерти во Белград (,,МТС Арена ” – некогашен ,,Дом синдиката”) и Загреб – ,,Творница културе” (култниот ,,Кулушиќ” веќе не постои), каде во клубска атмосфера ќе се свири реприза на пролет 1984-та, со ,,Позитивна географија”.
Се разбира дека и ние веднаш реагиравме, а Бајага прифати да се врати во МКЦ после 40 години, и на истата сцена од тогашен ,,Дом на млади – 25 мај” да го отсвири целиот албум ,,Позитивна географија”, како и уште некои песни од тоа време.
Пред секоја песна, Бајага ќе раскаже приказна за тоа како и зошто е напишана… што ја прави оваа вечер уште поуникатна.
Бајага скоро 40 години не ги свири ,,Знам човека”, ,,Папалине”, ,,Мали слонови”, ,,Марлена” и слично… Сега ќе го свири цел албум.
Нема потреба да се објаснува емоционалната ексклузивност на овој настан. Тој е наменет само за оние 1.000 луѓе на кои и онака се’ им е јасно.
Овој пат, Бајага ќе свири прво во МКЦ, па потоа во Белград и Загреб!
Влезниците за белградскиот и загребачкиот концерт се продадоа за 2/3 часа.
Исто ќе биде и во Скопје.
Продажбата на влезници започнува во понеделник (11.03) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx во Македонија по цена од 1.500 денари.
Се гледаме на 6 април со среќниците кои овој понеделник ќе имаат брзи прсти!
Ова ќе биде вечер во која сите ќе можеме да се погледнеме во очи!
Ваша,
Авалон Продукција