Токсичната работна атмосфера брзо се препознава, а истата не е здрава ниту за лидерот ниту за вработените.
Како да избегнете истата да ја создадете и што да направите?
- Не дозволувајте да има слаба комуникација. Истата може да доведе до големи недоразбирања, конфликти и фрустрации.
- Доколку премногу и секоја секунда ја надгледувате работата на вашите вработени, тоа може да ги демотивира и да помислат дека воопшто не им верувате.
- Доколку напорите на вашите вработени никогаш не се признаени и пофалени, тоа може да влијае врз нивните понатамошни перформанси и благосостојба.