Категории

8 СОВЕТИ КОИ ЌЕ ИМ ГО СМЕНАТ ЖИВОТОТ НА „ЗИМОРЛИВИТЕ“

Ви пречат ниските температури и често се тресете од студ. Чувствителни сте на студеното време и секогаш сте оној на кого во друштвото се жали дека му е ладно и прв си заминува поради тоа. Следните совети се создадени само за вас.

Носете плетени фустани

Што е добро кај овие фустани? Тоа што никој не забележува дека го носите поради тоа што се тресете од студ, туку поради тоа што денес се во тренд. Шик ќебето наречено плетен фустан ќе ве претстави во убаво светло и луѓето ќе ви даваат комплименти, додека вие ќе уживате во фактот дека сте истовремено стоплени и модерни.

Заштитете се со волнен стегач на челото

Секој од нас има вакво нешто по дома без разлика дали сте го купиле или баба ви го сплела уште пред 100 години. Ладното време и ветерот нема да ви можат ништо доколку го носите ваков стегач. Изгледа поубаво од капата, која секогаш паѓа над очите, а и ви ги затоплува ушите. И најважно, можете да го носите и внатре.

Пијте смеса од ѓумбир и лимон

Во едно тенџере на оган ставете две шолји вода, ставете парчиња сецкан ѓумбир и исцедете половина лимон. Оставете да се вари околу 10тина минути. По конзумирањето, ќе почувствувате топлина низ целото тело, а воедно одлично делува против настинки.

Купете си волнени чорапи

Иако не признаваме, сите носиме вакви чорапи кога сме дома сами. Некои дури едвај чекаат да стигнат дома и да си ги облечат. Чувството е како нозете да ти се во печка!

Ставете си свеќи

Ставете си ги во домот насекаде. Колку и да не верувате, колку повеќе свеќи ви се запалени, толку побрзо ќе ви се затопли просторот.

Гушкајте се

Научно е докажано дека гушкањето и допирањето на едното тело од другото е еден од најосновните начини како да ве одржат топли. Сигурно сте гледале и на филмови, гушкањето во одредени ситуации е единствениот спас. Понекогаш ќе ви се најде и како добар изговор да ја гушнете личноста која ја сакате.

Носете пуштена коса

Заборавете на пунџи, плетенки и коњски опавчиња. Ако сакате да ви е потопло косата носете си ја пуштена цело време, особено додека сте надвор. Ушите ќе ви се покриени, а косата секако ќе ви изледа поубаво секој ден.

Медитирајте

Ако се фокусирате на ладниот здив, станувате свесни за вашите сетила и за се што вашето тело го чувствува. Еднаш откако ќе станете свесни за ладното што го чувствувате, фокусирајте го умот и истренирајте го телото да се стопли. За оваа медитациска вештина може да ви треба многу време да ја научите, но сигурно вреди.

Прегледи:
699
Категории:
Занимливости
Објавено на:
02.01.2016