Категории

Претеравте со јадењето и пиењето? Подгответе напивка која ќе ве препороди!

Според некои истражувања, во текот на празниците внесуваме околу 4.500 калории дневно. Ако нашиот организам не е подготвен на тоа, празничната еуфорија ќе се заврши со депресија поради вишокот килограми и чувството на подуеност и забавеност. За да го закрепнете организмот, потребно е да се ослободите од вишокот маснотии, шеќери и други штетни состојки коишто прекумерно сте ги внесувале. Оваа лимонада е идеален начин за тоа.

Потребни состојки:

сок од еден лимон
1 лажичка мед
прстофат мелена црвена пиперка
прстофат мелен ѓумбир
прстофат мелено каранфилче
1 поголема шолја врела вода
парче лимон за украсување

Подготовка:

Во шолјата измешајте ги сокот од лимон, медот, пиперката, ѓумбирот и каранфилчето. Прелијте со врела вода, промешајте и оставете малку да отстои. Украсете со парчето лимон и доколку сакате додадете коцка мраз за да ја разладите напивката.

Прегледи:
562
Објавено на:
03.01.2016