Категории

Вакво тело на 51 година? Не е чудо што многу помлади девојки ѝ завидуваат

И на 51 година прекарот “Тело” совршено ѝ прилега на Ел Макферсон. Во новогодишното интервју за списанието “Red”, таа открила како успева да ја сочува линијата.

Многу смеа и една посебна диета се нејзините тајни. Еден од првите супер-модели вели дека никогаш не донесува новогодишни одлуки, бидејќи како што вели, не треба да смислуваме новогодишни одлуки, туку новогодишни решенија.

2

“Пијте три литри вода дневно, спијте седум часа дневно, тренирајте 45 минути дневно и смејте се. Работете го тоа што го сакате и славете ја мудроста. Внесете мали промени во своето секојдневие кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро”, рекла Ел во интервјуто за Red Magazine.

Кога станува збор за нејзината совршена линија, нејзиното тајно оружје е алкалната диета. Овој режим на исхрана подразбира внесување на алкални намирници како што се свежо овошје, зеленчук, ореви и мешунки, а кои помагаат да се врати рамнотежата на киселините во телото.

4

“Се чувствувам полесно, успеав да ги намалам вишоците од колковите и стомакот и имам подобро варење. Промената се гледа од надвор. Ја нарекуваат “алкален сјај””, додала Ели.

Ние можеме да додадеме само една работа – секоја чест, Ел!

5

6

u-cemu-je-tajna-elle-ima-51-godinu-i-jos-izgleda-savrseno-600x600-20160101-20160104101543-d5fed4d911

Прегледи:
614
Објавено на:
04.01.2016