Категории

Не ги прашувајте луѓето зошто се сингл. Не ги прашувајте зошто не си фатат девојка. Не ги прашувајте мисли ли тој твојот да те побара некогаш…

 Не ги прашувајте луѓето зошто се сингл. Не ги прашувајте зошто не си фатат девојка. Не ги прашувајте мисли ли тој твојот да те побара некогаш. Не ги прашувајте дали некогаш мисли да се скраси и да се ожени. Не ги прашувајте кога деца. Како прво не е ваша работа, како второ не можете ни да си претпоставите колку може да се непријатни и болни овие прашања за некого. Може не се сингл. Може има љубовник кој што не може заради икс причини да го изнесе во јавност. Може е педер. Може е неплодна и не може да има деца. Може е лезбејка. Може е во депресија и пати по старата љубов. Може не сака никогаш во животот да се ожени и да го помине животот во кафана. Ама што и да е, it’s none of your fucking business. Научете што е нечиј личен и интимен живот за кој што никој нема обврска да ви полага рачун. Не ги прашувајте.

Не ги прашувајте луѓето зошто се сингл. Не ги прашувајте зошто не си фатат девојка. Не ги прашувајте мисли ли тој твојот…

Posted by Jovana Tozija on Tuesday, January 5, 2016

Прегледи:
502
Објавено на:
06.01.2016