Несигурноста и недостигот на самодовербата кај жените е поголем проблем од што се мисли.
Анкетата која е спроведена во Велика Британија на 2000 жени покажува дека дамите премногу често се критикуваат сами себе.
Резултатите покажале дека жената си упатува критики во просек 8 пати на ден.
Најчестите причини поради кои дамите се критикуваат сами себе се вишокот на килограми, лошата фризура, тоа што не вежбаат доволно, бидејќи се чувствуваат инфериорно покрај други жени, поради тоа што не заработуваат доволно, затоа што сметаат дека не се доволно фотогенични како жените кои ги гледаат на фотографиите на социјалните мрежи, затоа што сметаат дека немаат доволно стил и уште многу други работи.
Но тоа скоро никогаш не е точно.
Затоа денес ви нудиме 4 совети како да почнете да размислувате позитивно за себе и сопствениот изглед.
1. Немојте да создавате нереални очекувања. Престанете да се споредувате до другите и ценете го своето тело поради сето она за што е способно, наместо постојано да го критикувате неговиот изглед.
2. Не им верувајте на рекламните пропаганди. Имајте да ум дека токму тоа е нивната цел. Во своите каталози ставаат фотошопирани тела на модели за да разбудат одредени негативни чувства кај вас. Незадоволството на луѓето со своите тела е докажана добра продажна тактика.
3. Немојте постојано да се жалите. Следниот пат кога ќе бидете во друштво со своите пријатели и ќе почнете да разговарате за тоа како не можете да ослабете, веднаш променете ја темата. Така ќе ја подигнете и својата и самодовербата на пријателките.
4. Обрнете повеќе внимание на своите позитивни атрибути. Ако не ви се допаѓа како изгледа на пример вашиот стомак, посветете внимание на деловите од телото со кои сте задоволни.