Пеачот, текстописец, продуцент кој во својата 40 годишна кариера имаше огромно влијание и остави значајна трага не само во музиката, туку во целокупниот културен и уметнички живот, почина на 69 годишна воздраст.
После 18 месечна борба со ракот, како што пренесуваат светските медиуми, пеачот ја изгубил битката. Опркужен со своето семејство и најблиски го поминал овој тежок период.
Последниот свој албум Blackstar го објави само пред неколку дена, во петокот, иако во јавноста ретко се појавуваше и не настапуваше.
Тој е креирачот на glam rock, автор на безброј хитови, секогаш бестрашен, креативен и полн со инспирација. Светот треба да е благодарен за имактот што го имаше Дејвид на целокупната култура.