Категории

Стивен Сегал доби српско државјанство

Американскиот глумец и музичар Стивен Сегал доби државјанство од Србија. 

– Се прифаќа во државјанството на Република Србија, Сегал Стивен Фредерик, роден на 10 април 1952 година во сојузната држава Мичиген, државјанин на САД, пишува во најновиот број на српскиот „Службен весник“, пренесуваат белградските медиуми.

Холивудскиот глумец неодамна два пати престојувал во Србија, каде се состана со највисокото српско раководство.

Прегледи:
492
Категории:
Занимливости
Објавено на:
11.01.2016