Бразилската убавица за два месеци ќе наполни 40 години, а по многубројни мислења, никогаш не изгледала подобро.
Глумицата Џована Антонели го достигна врвот на својата кариера со улогата на фаталната Жаде во серијата Клон. Џована започнала да се занимава со глума на 14 години, а покрај тоа, таа е продуцент и презентер во својата земја. Важи за една од најубавите и најталентирани глумици во Бразил, а публиката едноставно ја обожава. Нејзиниот татко е исто така глумец, а мајка и е танчерка. Згодната глумица има и постар брат – адвокат.