Категории

Фотографијата за која се зборува: Погледот на Нејмар при поздравот на Роналдо и сопругата на Меси

Моментот за кој најмногу се зборува по доделувањата на Златната топка е погледот на Нејмар кон Кристијано Роналдо.

Неизвесноста околу добитникот на Златната топка оваа година изостана. Лео Меси по рекорден петти пат во кариерата е прогласен за најдобар играч во светот, а вистинска конкуренција речиси да немаше.

 

Сите знаеме дека доделувањето на Златната топка стана настан кој иритира многу фудбалски фанови. Станува збор за гала вечера во стил на “Оскарите”, и еден од симболите на модерниот фудбал, често омразен ширум Европа. Интересно беше да се види и за кого ќе гласаат големите ривали Роналдо и Меси, а нивниот избор повеќе никого не изненадува.

 

На интернетот по “Ballon D’Or” се исмејуваат некои детали од Цирих, а хит број 1 оваа година е фотографијата која го обиколила светот. Тројцата кандидати седеле во првиот ред, а подоцна добитникот Лионел Меси бил единствениот од тројцата кој седел во друштво на својата поубава половина Антонела Рокуцо, со која има две деца. Кристијано Роналдо обично на оваа гала вечер седел со поранешната девојка Ирена, но како што знаете, парот се разделил.

 

Така испаднало Антонела да биде во машко друштво, а фотографите фатиле интересен момент од поздравот помеѓу Роналдо и сопругата на Меси. Додека Меси се смешкал, неговиот колега од нападот на Барселона, Нејмар, намуртено го гледал Португалецот како да сака да му ја земе сопругата на неговиот пријател. Барем така целата сцена била опишана во коментарите на социјалните мрежи, каде оваа фотографија станала вирален хит.

Прегледи:
456
Објавено на:
13.01.2016