Реалити ѕвездата Ким Кардашијан со години важи за една од најпознатите жени на светот. Денес ја има на секоја насловна страна, поседува синџир на бутици и своја линија на облека. Но, која беше Ким Кардашијан пред 7 години?
Првото интервју и насловна страна на Ким беше во далечната 2007-ма година за магазинот Комплекс.
Тогаш 26 годишната Кардашијан беше ништо повеќе од најдобрата другарка на Парис Хилтон позната по сексот, лагите и видео лентите која себе си се нарекува „принцезата Ким“.
Видно поинаква од она што е денес, Кардашијан тогаш негираше дека има домашно порно видео и упорно тврдеше дека нејзиниот живот и не е така лесен како што изгледа.
Во тоа време фамозниот задник беше повеќе или помалку ист како на било која друга жена, а лицето и покрај филерите во усните изгледаше поприродно.