Мачорот Мени обожава да прави селфи фотки или барем да си игра со GoPro камерата.
Според Инстаграм корисникот @yoremahm, Мени научил да ја користи камерата сосема случајно кога ја допрел камерата додека снимала еден ден. Сега, селфи фотките на Мени станаа интернет сензација.
“Тој е шеф на кучињата”, кажа неговиот сопственик, коментирајќи ја глутнницата на кучиња во позадината на многу фотографии.
Сопственикот и Мени се запознале сосема случајно, кога Мени како уличен мачор се појавил набрзо откако старата мачка му умрела, а оттогаш се неразделни.