Категории

Интегралниот Тонус леб на Вегера наместо од брашно направен од цели изртени пченични зрна

Замислете секој ден да јадете здрав, вкусен и хранлив леб, а притоа да не ја зголемувате телесната тежина и да не ја расипувате фигурата, туку обратно, да имате нормален метаболизам и здрава крв, да го намалите холестеролот и да ја подобрите функцијата на кардиоваскуларниот систем и цревата, да го стабилизирате нивото на шеќер во крвта кај дијабетесот, да го зацврстите имунитетот, да го исчистите телото и кожата од токсини и да го намалите целулитот во поткожното масно ткиво. 

Сега сигурно се прашувате – Во што е тајната на овој производ? Тајната е многу едноставна, Тонус лебот е единствениот вистински интегрален леб кој се прави без брашно, од цели изртени пченични зрна, без адитиви, конзерванси и вештачки бои. Овој производ, во комбинација со здрави намирници и физичка активност го храни организмот и му дава енергија. Основна разлика помеѓу Тонус лебот и било кој друг интегрален леб на пазарот е во миењето на пченицата. Во масовното производство на пченица, земјата, семето, посевите и житото се третираат со разни хемиски средства, хербициди и пестициди. Кај интегралните лебови зрното се чисти само механички, додека во производството на Тонус лебот пченицата се мие 10 до 15 часа, се додека не стане перфектно чиста, па потоа се остава да изрти. Во процесот на ‘ртење, житариците ја менуваат својата структура, на начин сличен како испилувањето на пилето од јајцето: пилето се создава со тоа што се храни и ја троши белката. Од друга страна никулецот расте и ја зголемува количината на протеини, растителни влакна, минерали, витамини, ензими трошејќи скроб и глутен. Неизртените житарици имаат многу помала биолошка вредност од изртените. Изобилува со магнезиум, цинк, селен, железо, манган, бакар, кобалт и силициум. Во неговиот состав овие елементи се избалансирани и во лесно усвоив облик благодарение на процесот на ‘ртење. Важна вест за сите кои внимаваат на своето здравје: долгоочекуваниот Тонус леб без брашно од Србија, од август е достапен и во Македонија. Во почетокот на пазарот се понудени: Тонус леб збогатен со семиња од тиква, лен, сочоглед и сусам (300г /32,4г протеини), ‘ржан Тонус (300г/22,5г протеини) и ‘ржан Тонус без квасец (300г/27,48г протеини). Овој асортиман ќе се проширува бидејќи Тонус програмата изобилува со вкусни и здрави производи. Тонус производите можете да ги најдете во Вегера, БИОкулт, Рептил, Гранап, Зур, Поповски, Мар-вик, Зегин healthy food, Виола здрава храна, Виталиа, Био космос, Органика и Имуно.

Прегледи:
1590
Објавено на:
19.01.2016