Принцезата Шарлин од Монако го посети Ватикан во бела дневна комбинација, и притоа е откриено е дека таа е една од седумте жени во светот на кои им е дозволено да носат бело при посета на Папата. Што е тајната ?
Во друштво на сопругот, кнезот Алберт (57) , принцезата Шарлот го посети Папата Франсис во Апостолската палата во Монако. Принцезата, инаку мајка на две деца, за оваа прилика имала на себе мантил во крем боја и бел вел од чипка. Кожни ракавици и беж салонки го довршиле целокупниот стајлинг, а црвениот кармин ја освежил оваа комбинација.
Изборот на гардероба која принцезата го направила е од огромно значење , и таа е една од седумте жени кои ја добиле таа привилегија да се појават пред Папата во бело.
Ова специјална традиција наречена “le privilége du blanc” на француски важи само за одредени католички кралици и принцези и обично е резервирана за специјални настани во Ватикан.
Според протоколот сите останати дами мора да носат црна облека и црн вел преку главата. Првата дама на САД Мишел Обама исто така го следеше ова правило кога во 2009 год се појави со сопругот Барак Обама пред Папата Бенедикт XVI.
Покрај принцезата Шарлин, оваа привилегија ја уживаат и : Софија од Грција (поранешна кралица на Шпанија), Паола – кралица на Белгија, Марија Тереза – војводина од Луксембург, Матилда – кралица на Белгија, Летиција – кралица на Шпанија и Марина – кралица на Неапол.