Категории

Мамо, ти си личност што еднаш се раѓа. Љубовта кон тебе е неопишлива!

Дали има нешто поважно од тебе? Дали има нешто поважно од мајка? Дали има нешто што можеби ќе не натера да ја заборавиме личноста  што не донесе на овој свет?

Не! Не постои ништо што ќе не натера на тоа!

Ти мамо си една и единствена!

Ти си личност што еднаш се раѓа!

Ти си личноста која што ме донесе на овој свет, личноста која што ме носела цели 9 месеци во утробата, личност која што се грижела за мене, се грижела за најмалата моја рана, за најмалата моја настинка, за најмалата моја болка, МАМО ТИ СИ ЛИЧНОСТ ЗА КОЈА ШТО ВРЕДИ ДА СЕ ЖИВЕЕ!

Со години се прашував,дали може некој да те замени?

Но тој одговор го дознав уште од денот на моето раѓање. Уште од денот кога јас го изговорив првиот збор,зборот ‘МАМО’!

Тој ден верувам дека ти беше најсреќен во твојот живот!

Сакам да ти кажам мамо,дека никој,ама баш никој не може да те замени.

Никој не може да го ставам на твоето место!

За ништо не можам да те заменам!

Затоа што јас имам само една мајка! Мајка која што претставува богатство! Богатство кое што го дава Господ!

Запамти го ова сега што ќе ти го кажам мамо!

Ти не имаш само нас а ние те имаме само тебе!

Ова никогаш нема да се смени,НИКОГАШ!

Твојата прегратка,твојот бакнеж, не може да се замени!

Твојата прегратка е најсигурна! Би сакала вечно да ја имам. Ама знам, еден ден ќе ја загубам,затоа што мора. Колку и јас да не сакам,колку и ти да не сакаш, тоа ќе се случи, тоа така било и така ќе остане.

Но, сега нема да мислиме на тоа!

Ќе се радуваме се додека ја имаме!

Сега ќе ти кажам само нешто и ќе завршам.

Љубовта кон тебе е неопишлива!

Те сакам мамо! Неопишливо многу , те сакам.

  Георгина Ристеска

Прегледи:
1395
Објавено на:
20.01.2016