Доколку сте искусен патник можеби се сеќавате на времето кога постеле четириаголни прозорци во авионите, но денес сите прозорци се тркалезни. Која е причината за тоа?
Со модернизирање на моделите на авиони и нивно оспособување да летаат на поголеми височини, се менувал и притисокот меѓу авионската кабина и надворешноста на авионот.
Оваа разлика предизвика благо проширување на авионите, поради што настанува затегнување на материјалот од кој е изработен. Токму тркалезните прозорци го спречуваат затегнувањето, кое може да доведе до пукање.