Категории

Кои женски особини мажите ги обожаваат

Што мислите, кои ваши особини најмногу ги сака вашиот партнер?

Во прилог ги издвоивме 5-те најчести одговори на прашањето “на која особина на вашата партнерка најмногу и се радувате?“

1. Секогаш ме изненадува

Не станува збор за подароци, туку за мали знаци на внимание. Секогаш ме слуша кога и зборувам и точно знае што сакам. Кога најмалку очекувам таа успева да ме изненади со некоја ситница.

2. Тоа што се однесува позрело од мене

Иако работам на место каде имам голема одговорност, кога се во прашање животните одлуки секогаш се советувам со неа. Имам чувство дека пореално ќе ја согледа ситуацијата и ќе донесе подобра одлука од мене.

3. Тоа што е отворена

Она што најмногу ми се допаѓа кај мојата партнерка е што ништо не става под тепих. Можеби на почетокот на врската тоа беше малку напорно, но сега е решение на проблемите.

4. Тоа што е сочувствителна

Сакам што е нежна и чувствителна. Сакам што кога гледа филм се разнежнува. Кога ќе слушне нечија тажна животна приказна има потреба да помогне.  Со неа станувам подобра личност.

5. Што секогаш мисли на се

Без разлика на нејзините обврски, таа размислува за се. Не ми е јасно како успева да купи се што е потребно и кога немаме направено список. Мене ми е тешко да смислам што да ми подготви за ручек.

Прегледи:
440
Објавено на:
26.01.2016