Категории

Дали ова ќе го замени кафето? Изгледа одлично и многу е здраво

Велат дека овој пијалок има кофеин исто колку и половина шолја еспресо – сега е вистински хит во светот и се заканува да стане попопуларен од кафето!

Изгледа како кафе, но всушност станува збор за мелен зелен чај кој стана многу популарен во светот, најмногу меѓу оние кои промовираат здрава исхрана.

Мелениот зелен чај кој се нарекува Мача се прави од мелење листови од зелен чај, содржи доста антиоксиданси, и иако во светот дури сега почна повеќе да се зборува за овој чај, тој се пие во Јапонија уште од 1191 година.

Имено, тогаш будистички монах од Јапонија го пренел семето од Мача чајот во Кина, и таму ја проширил идејата за пиењето чај како навика која е добра за здравјето. Иако овој пијалок има многу голема хранлива корист, за него се слушна дури сега, благодарение на (како што можете да претпоставите) – Инстаграм.

02-matcha-32

„Овој чај визуелно изгледа убаво, а со оглед на тоа дека сега е важно сè да се прикаже на Инстаграм и да изгледа убаво, Мача чајот е погоден за тоа“, вели Кети Чан која за еден американски магазин пишува мемоари.

Освен тоа што изгледа убаво, Мача чајот има многу позитивни ефекти врз здравјето – содржи антиоксиданси кои се добра превенција за рак, го забрзува метаболизмот благодарение на полифенолите… Како што претходно споменавме, тој се прави со мелење на листови од зелен чај, а не од екстракти, па доброто дејство врз здравјето е уште поголемо. Исто така, листовите од зелен чај содржат и Л-теанин, амино киселина која опушта и создава чувство на будност.

03-matcha-422

Прегледи:
571
Објавено на:
28.01.2016