Категории

ФОТО: „БМВ Серија 1“ ја симна маската

Новата најмала лимузина на БМВ и според многумина „духовен наследник“ на првите генерации од „Серијата 3“, е снимена за време на тестирање во Германија.

Имајќи пред вид дека најпопуларниот модел на БМВ, „Серијата 3“, расте од генерација во генерација, се појави простор и потреба за нешто помал седан.

133005985

Баварците новата лимузинска верзија „Серијата 1“ ја претставија на Саемот за автомобили во кинескиот град Гуанџу, под ознаката „Компакт Седан“.

Благодарение на сајтот Motor1.com можеме да видиме фотографии на делумно „камуфлираниот‟ прототип на серискиот модел, кој ќе има премиера во текот на 2016 година.

bmv-serija1-540x320

Бидејќи ривалот „Ауди А3“ се темели на механичката платформа УКЛ на БМВ, што значи дека моќноста стандардно се пренесува на предните тркала, како опција во понудата ќе биде и верзија со ЕксДрајв погон на сите четири тркала.

Палетата на моторите ќе ги опфати познатите трицилиндични и четирицилиндрични мотори, кои веќе се користат на моделите на БМВ со преден погон од серијата „Актив Таурер“ и новиот „Екс 1“.

Прегледи:
647
Објавено на:
29.01.2016