Грозјето не само што освежува, тоа е многу вкусно и здраво овошје и се користи како природен лек за чистење на крвта, за регулирање на варењето на храната, за отстранување на масните наслаги од телото, за лекување на воспалителни процеси на органите за варење, како и за ублажување на реуматските потешкотии и кожните алергии.
Поради разните антиоксидаси кои ги содржи грозјето, тоа е овошје со јако дејство против бактериите, вирусите, воспаленијата и алергиите. Свежиот сок од грозје е богат со витамини А, Б и Ц и со разни минерали. Грозјето делува како природен тоник на организмот, а освен тоа е и извонредно хранливо овошје. Содржи околу 20% шеќер, па е енергетска намирница. Грозјето е важен извор и на биофлавониди, кои го штитат организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои може да предизвикаат многу заболувања, вклучувајќи ги и малигните болести. Поради тоа, грозјето има и антиканцерогено дејство.
Црното грозје (и сите други овошја со слична боја) помагаат за заштита од срцеви болести, рак и стареење на мозокот. Истражувачите од Универзитетот на Мичиген докажале дека грозјето може да помогне во контрола на крвниот притисок. Тоа се препорачува против лоша циркулација, а помага и при забавувањето на старењето, односно ја спречува деменцијата и дегенеративните хронични болести.
Белото грозје има многу слична енергетска вредност како и црното, но нешто помалку содржи калиум и калциум, но сиромашно е со феноли во споредба со црното грозје.
Црното грозје мора да биде што потемно, скоро црно. Лушпата на црното грозје изобилува со феноли, кои го дават вкусот и бојата на црното грозје, а нам ни даваат здравје.
Полифенолите (ресвератроли, антоцијани, катехини и кверцетини) се антиоксиданси кои ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот, кои може да предизвикаат развој на тумор.
Тие ги чуваат крвните садови од атероскледроза, и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви и васкуларни заболувања.
Црното грозје би требало да се јаде поради хранливите состојки, најмногу калиум, витамин Ц, Б1 и Б6 и манган. Тоа изобилува и со флавоноиди, од кои најважни се кверцитин и резвератрол. Тие го намалуваат згрутчувањето на крвта и го намалуваат нивото на „лошиот“ холерстерол. На тој начин го смалуваат и ризикот за кардиоваскуларни болести.
Неодамнешното истражување покажало дека консумирањето на црното грозје го зголемува нивото на хормонот мелатонин, кој е неопходен за добар сон.
Од одредени видови на грозје се прави суво грозје, кое обилува со растителни влакна, калциум и железо, а кои можат до го заменат шеќерот во колачите.
Лушпата на црното грозје содржи големи количини на резерватол, кој позитивно влијае на моторните и менталните функции на мозокот и го намалува ризикот од мозочен удар. Исто така, резерватол ја одржува и флексибилноста и здравјето на срцевиот мускул.
Некои истражувања покажале дека резерватолот има важна улога и во спречувањето на малигните ззаболувања и дека дури може да го забрза уништувањето на веќе постоечките клетки на ракот. Поради тоа, грозјето се користи и како природен лек за превенција и за борба против ракот.