Еден млад брачен пар влегол во најдобрата продавница за играчки во градот.
Мажот и жената долго ги гледале шарените играчки наредени на полиците, имало илјадници.
Имало толку многу кукли кои се смеат и плачат, електронски играчки, принцези, точаци и разни други.
Не можеле да се одлучат.
Им се приближила продавачката, да ги услужи.
„Видете“ објаснувала жената, “ние имаме мало девојче, но и двајцата сме отсутни по цел ден, а често и навечер.“
„Се работи за девојче кое ретко се смее.“ продолжил човекот.
„Би сакале да и купиме нешто што ќе ја усреќи“ повторила жената,
„И тогаш кога нас ќе не нема….нешто што ќе ја развеселува кога ќе биде сама.“
Продавачката ги погледнала, се замислила.
„Жал ми е“се насмевнала „Ние не продаваме родители!“
Затоа, најдете време за вашите деца…