После првата снежна бура оваа сезона, сноубордерот Рафаел Пеасе и неговиот пријател тргнале на првото спуштање низ падините во чилеанските Анди.
Нивниот излет прераснал во голема спасувачка операција кога во снегот пронашле заглавен коњ, кој за малку ќе смрзнел. Очигледно е дека било само прашање на време кога ова прекрасно животно ќе почине од студот.
За среќа, Рафаел и неговиот пријател му помогнале на несреќното животно, а целата спасувачка акција ја снимиле со камера.