Идалиа Канделас е уметник од Мексико кој црта девојки и жени кои уживаат во сингл животот.
Користејќи пенкало, мастило и водени бои, серијалот илустрации ја слави убавината на животот без партнер.
Канделас вели дека инспирација и е токму нејзиниот живот, односно тоа што со години живее сама во Мексико.
„Темата на осаменоста е повторувачка во моите цртежи. Сакам да покажувам жени кои живеат осамено, но не страдаат. Тие не се депримирани и не плачат. Тие се сигурни, уживаат во сопственото друштво.“
1 2