Категории

Направете сами: Кармин од мастика за џвакање

Доколку ви е здодеано да давате многу пари за кармин, притоа никогаш не наоѓајќи ја совршената нијанса која ја сакате, тогаш можеби е време да го погледнете овој едноставен домашен рецепт. Ќе ви бидат потребни само 3 состојки и 10 минути. Па ајде, почнете веднаш и бидете уникатни.

Потребни состојки:
  • Мастика за џвакање
  • Вазелин
  • Боја за храна
Начин на подготовка:

Во еден сад ставете неколку мастики за џвакање и една супена лажица вазелин. Изберете ја бојата во која сакате да биде вашиот кармин и ставете онолку колку што сакате тој да биде текстуриран. Ставете ја мешавината во микробранова печка на 30 секунди, па добро измешајте. Потоа вратете го садот повторно и оставете го во микробрановата уште 30 секунди.

Измешајте го продуктот и сипете го во празна кутија за кармин, која потоа ќе ја ставите на 5 минути во фрижидер. И тоа е тоа. За помалку од 10 минути ќе бидете единствената личност која има кармин направен од мастики за џвакање. За повеќе детали, погледнете го следново видео.

Прегледи:
419
Објавено на:
09.02.2016