Категории

Трогателно видео од УНИЦЕФ со силна порака за децата бегалци

Станува збор за анимиран филм кој не раскажува вообичаената приказна со среќен крај.

„Малак и бродот“ е двоминутно видео кое ја раскажува приказната на 7-годишното девојче Малак, која се обидува да избега од ужасот на војната во Сирија со брод, поминувајќи низ Медитеранот.

Снимката го пресоздава кошмарот на опасното патување низ морето а трогателното видео завршува со пораката дека „некои приказни не се наменети да бидат преживеани од децата“.

Анимацијата е дел од новата кампања на УНИЦЕФ, наречена „Unfairy Tales“.

Според УНИЦЕФ, 2 милиони деца живеат како бегалци во соседните земји или бегаат од ужасот на војната. Над 8 милиони деца имаат потреба од хуманитарна помош внатре и надвор од Сирија.

Прегледи:
539
Категории:
Видео · Занимливости
Објавено на:
12.02.2016