Категории

Пеналот на Меси и Суарез требаше да биде поништен

Лидерот во Примера и актуелен шампион Барселона синоќа на домашен терен ја победи Селта со 6:1.

Луис Суарез беше стрелец на три гола. Лионел Меси средбата ја зврши само со еден погодок, бидејќи во 81-минута наместо директно да го изведе пеналот се реши да асистира за Суарес.

Пенал финатата на Лионел Меси и Луис Суарез предизвика многу реакции поради начинот на кој двете големи ѕвезди на Барселона ги насамарија играчите на гостинскиот состав, но доцна во ноќта голем дел од шпанските медиуми ја пренесоа веста дека копијата на голот на Кројф и Олсен всушност била нерегуларна.

Имено, прецизните шпански новинари изнесоа неколку фотографии од моментот кога Меси го има првиот допир со топката, а на истите се гледа дека Суарез во дадениот момент не само што е внатре од чуениот „Д“ простор (поле во кое не смее да се најде ниту еден играч освен изведувачот на пеналот), туку со едната нога веќе е во шеснаесетникот.

https://www.youtube.com/watch?v=1M2h0qW910E

Прегледи:
486
Објавено на:
15.02.2016