Бразилскиот фудбалски репрезентативец и член на Барселона, Нејмар остана без своите авион и јахта, откако властите во таа земја му ги одземаа поради обвиненија за даночно затајување во периодот додека играше за Сантос.
Како што е соопштено од страна на локалните медиуми, Нејмар е осомничен за затајување данок во периодот од 2011 до 2013 година.
Ова е дополнителен проблем за бразилската ѕвезда, бидејќи и во Шпанија се води судскиот процес против него за затајување данок при преминување во Барселона.