Месец јануари во 2016 година е најтоплиот прв месец во годината, откако се вршат мерења на температурата од крајот на 19 век, соопшти Националната управа на САД за океани и атмосфера.
Месец јануари во 2016 година е најтоплиот прв месец во годината, откако се вршат мерења на температурата од крајот на 19 век, соопшти Националната управа на САД за океани и атмосфера.
Глобално просечната температура на земјината и океанската површина е за 1,04 степени Целзиусови над просечната за 20 век. Така јануари е најтоплиот прв месец во годината од 1880 и го урива претходниот рекорд од 2007 година.
Јануари 2016 е деветтиот последователен месец, во кој просечната температура го урива месечниот рекорд, што е нов показател за глобалното затоплување, наведува Управата.
Во целина 2015 е најтопла откако се вршат мерења на температурата, а декември во 2015 е најтоплиот последен месец од годината во последните 136 години.