Зборовите на Џамбазов ја трогнаа публиката, сите станаа на нозе и после тажниот молк, со громогласен аплауз го поздравија човекот кој е икона во нашето современо општество.
Ниту мажите не беа имуни и пуштија солзи на настапот на Игор Џамбазов вечерва на шоуто „Златна бубамара на популарноста“. Нашиот шоумен и актер ја занеме публиката кога, во стилот на големиот Френк Синатра, ја преработи и препеа на македонски јазик познатата песна „My way“. Џамбазов пееше за својот живот, а за маките низ кои помина, за луѓето околу себе, за пријателите…
Зборовите на Џамбазов ја трогнаа публиката, сите станаа на нозе и после тажниот молк, со громогласен аплауз го поздравија човекот кој е икона во нашето современо општество. Џамбазов вечерва доби награда „Златна бубамара за трајни вредности“.
Видеото можете да го погледнете на следниот линк