Раперот Кертис Џејмс Џексон Трети, познат по името 50 Cent, е повикан на суд во САД, со цел да објасни како банкротиран човек е опкружен со многу пари, како што се гледа на фотографиите што ги објави тој на Instagram.
50 Cent прогласи банкрот минатата година, кога ги поднесе потребните документи за ова на суд. Познато е дека раперот има пари, но причината за банкротот е да се поштеди од милионските тужби кои треба да ги исплати за неколку случаи.
Во октомври минатата година, тој постави неколку фотографии на Instagram од себе како лежи на пари, чува купчиња пари во фрижидер и слично. На една од нив, со купчиња пари напиша „Brokе“ (банкрот).
Овие фотографии до добија вниманието на судот, поради што го повикаа. Судот смета дека раперот не бил искрен за својата финансиска ситуација и очекува од него да дојде на сослушување во судот, на таа тема.