Категории

Би ја освежиле ли својата вагина?

Десетина минути се сосема доволни за вашата вагина да биде како нова и тоа со посебниот третман на освежување со минерална вода.

За време на третманот се врши испирање на вагината, грлото на матката и матката со минерална вода на температура од 36, 8 Целзиусови степени. Тоа го подобрува протокот на крв во кожата и слузокожата и овозможува побрз проток на кислород, објаснуваат гинеколозите.

Самата постапка е безболна и мошне едноставна. Водата се внесува во вагината преку канила која што на врвот има неколку дупки. Млазот вода ги измива ѕидовите на вагината рамномерно со што се смирува вагиналната и цервикалната слузница. Освен тоа го намалува и запира создавањето на обилен исцедок со непријатен мирис.

По завршувањето на третманот се создава окситоцин, хормон што доведува до контракција на матката. Реакцијата е слична на онаа која настанува за време на сексуален однос, со таа разлика што во овој случај не доаѓа до вистински оргазам.

Прегледи:
790
Објавено на:
23.02.2016