Категории

Зошто никогаш не треба да влегувате со чевли во вашиот дом?

Во многу култури е правило да се остават чевлите пред врата, но своевремено, најверојатно гледајќи ги странските филмови, ова практика се „заборавила“.

Но, ако ова сте го правеле претходно, престанете веднаш, затоа што правите огромна грешка.

Дали некогаш сте слушнале за клостридија?

Ова е опасна бактерија која не реагира на антибиотици и најчесто ја има на нашите чевли.

Научниците од универзитетот од Хјустон откриле дека на 40% од обувките се наоѓа “clostridium difficile”, штетна бактерија која на нашите чевли може да преживее неколку дена па дури и недели.

Исклучително е отпорна на лекови и може да предизвика долготрајна болест кај човекот.

Оваа бактерија најчесто живее во тоалетите, на работните простории, столовите како и на подот.

Научниците утврдиле дека чевлите кои ги тестирале биле позитивни на следниве бактерии: “escherichia coli” и “klebsiella pneumonia”.

За да се заштитиме во најмала мера, пред да влеземе дома, задолжително да ги избришеме чевлите на чергичето, или пак воопшто да не ги внесуваме во нашиот дом.

Прегледи:
411
Објавено на:
24.02.2016