Пом-пом „бушавите“ ланчиња се шарени, модерни и лесни за изработка. Можете да ги направите со вашите деца и да се забавувате заедно, а се одличен додаток и во детските комбинации.
За да го направите ова забавно ланче, потребни ви се само неколку работи – волница, ножици, врвка за ланчето и игла.
Можете да ги направите топчињата во која било големина со виткање на волницата околу било што, а можете да се послужите и со вашата рака. За да направите поголеми топчиња, завиткајте ја волницата околу четири прста, а за да направите помали, завиткајте ја околу два. Запомнете: колку повеќе волница ќе завиткате, толку топчето ќе биде подебело и поисполнето. Откако ќе завршите со виткање, исечете го конецот.
Извадете го купчето волница од вашата рака. Исечете друго парче волница кое ќе биде доволно големо за да го врзе купчето волница кое претходно го намотавте.
Врзете го купчето многу цврсто, затоа што ова е тоа што му ја дава формата.
Потоа, вметнете ги ножиците помеѓу котелците и исечете ги. Сега почнува да заличува на пом-пом топче.
Скратете го сè додека не изгледа убаво и уредно.
Направете неколку топчиња, ставете ги на врвката и готови сте! Ова пом-пом ланче одговара на сè!
За подетални инструкции, погледнете го ова видео: