Категории

Што може да се случи ако преполовите апче пред да го испиете?

Било да станува збор за хронични пациенти кои секојдневно земаат терапија или повремено пијат некој лек, многу луѓе земаат само половина апче за да ја преполоват дозата.

Но, фармацевтите никако не ја препорачуваат оваа пракса, туку советуваат апчињата никако да не се преполовуваат.

„Апчињата со причина се обложени, најчесто за да се спречи растворање и дејството на лекот во желудникот, но и за да се заштити слузокожата на желудникот од агресивните материи од лекот. Затоа, никогаш не се препорачува да се кршат апчињата“ – изјави една аптекарка за порталот „Народна медицина“.

Со преполовувањето на некои лекови се менува фармаколошката формулација, дозата правилно не се дели, а кај некои повеќеслојно обоени лекови се менува дејството на лекот.

Некои лекови евентуално можат да се делат и тоа обично оние кои веќе имаат втисната линија, иако постоењето на линијата не е сигурен знак дека апчето смее да се дели на пола.

Најдобро е да се делат лековите каде што е јасно назначено во упатството за употреба, или ако пациентите добијат таков совет од лекар или фармацевт.

Прегледи:
607
Објавено на:
25.02.2016