Станува збор за проект вреден 10,25 милијарди евра и аеродром кој според својот обем и содржина ќе биде мал град, и ќе има годишен капацитет од 150 милиони патници.
Истанбул наскоро ќе биде побогат за уште еден аеродром чија изградба тече според планот. На овој проект моментално работат околу 13.000 работници од 15 светски држави.
Првиот дел од идниот најголем аеродром на светот ќе биде отворен во февруари 2018. година. За големината зборуваат сликите од птичја перспектива, а првиот дел од аеродромот ќе има капацитет од 200 милиони патници годишно, пренесуваTelegraf.rs.
Во претстојниот период на изградбата на аеродромот ќе работат и до 30.000 луѓе.
Станува збор за проект вреден 10,25 милијарди евра и аеродром кој според својот обем и содржина ќе биде мал град, и ќе има годишен капацитет од 150 милиони патници.
Паркинг простор за 500 авиони и 70.000 возила, шест писти и 12 такси патишта, се само некои од неговите содржини. Аеродромот ќе се простира на 76,5 милиони метри квадратни.
Локалните власти и градежните работници водат посебна грижа за заштита на околината па секое стебло го пресадуваат на друга локација во Истанбул, а најавено е засадување на пет садници за секое дрво кое ќе биде пресечено.