Поголемиот дел од Скопје вечерва немаше струја поради дефект на трафостаницата во Козле. Струја снема и во Драмскиот театар каде се одржуваше претстава, во публиката со своите телефони им помогна на актерите да го доиграат првиот дел.
“И после се прашувате зошто Драмски е најдобриот театар во Македонија!?
Еве зошто:
– Игра и кога снемува струја,
– Публиката одбива да замине од претставата и ги пали светлата на мобилните телефони за да можат актерите да добијат осветлување на сцената
– Актерите го доиграа првиот дел од претставата испратени со овации, објави на својот Фејсбук профил Роберт Вељановски, директор на Драмскиот театар во Скопје.
Од атмосферата на Фејсбук фотографија сподели и актерот Драган Спасов Дац.
И после се прашувате зошто Драмски е најдобриот театар во Македонија!? :)Еве зошто:- Игра и кога снемува струја, – Публиката одбива да замине од претставата и ги пали светлата на мобилните телефони за да можат актерите да добијат осветлување на сцената- Актерите го доиграа првиот дел од претставата испртени со овации.Видео во прилог: Ако баба лаже, трап не лаже! :)
Posted by Роберт Вељановски on Tuesday, March 1, 2016