Категории

Пет прекрасни соби кои потврдуваат дека сива е најдобра боја

Мислите дека сивата е досадна или валкана боја?  Размислете повторно. Можеби е темна и мистериозна, но сивата исто така е и навистина интересна, класична и топла боја која лесно се адаптира  и ние сме среќни повторно да го видиме нејзиното враќање на мапата во светот на ентериерите во последниве години.  Нека овие прекрасни соби ви послужат како инспирација и почнете со декорирање со нијансата на моментот.

Сиви ѕидови се совршена позадина за темно розов мебел и богати, топли бакарни додатоци. Тоа е модерен, романтичен изглед.

sobi-so-siva-boja-2

Не плашете се од целосно сиво.  Во комбинација со цвеќе, бел мермер и сиви барски столици, сива кујна изгледа современо и класично.   За дополнителна длабочина, обојте во разни нијанси на сива.

sobi-so-siva-boja-3

Колку е прекрасна оваа дневна соба?  Сивата боја И сивиот дрвен под делуваат енергично и живо во комбинација со неонска розова , жолта и зелена боја. Доказ дека сива може да биде забавна , младешка и интересна.

И само како акцент на вдлабнатини, во различна сива нијанса е едноставен трик што може да направи огромна разликата во секоја соба. Го осветлува и надополнува мебелот и е се што е потребно доколку сакате освежување на просторот.

sobi-so-siva-boja-5

Мали соби, честопати, се потешки за декорирање – со нивниот ограничен простор, кој сакате да го осветлите без да изгледа невкусно.   Тоа е причината зошто светло сива како оваа на сликата е совршена боја. Комбинирајте ја со дрвен под, бел мебел и со многу богати ткаенини. Резултатот? Чист и модерен изглед.

Оваа статија е преземена од Interior.mk -магазин кој се фокусира на трендови од областа на дизајнот, животниот стил и инспирација за уредување на Вашиот дом.

Прегледи:
1173
Објавено на:
02.03.2016