Поразот од Атлетико Мадрид сеуште го тресе „кралскиот клуб”. Расправијата меѓу Роналдо и соиграчите, незадоволството на навивачите и проблемите со кои се соочува Перез со работата на Зидан добиваат продолжение.
Според шпански „Дејли Спорт“ откако Зинедин Зидан дал дозвола тимот во летниот преоден рок да го напуштат Хамес Родригез и Иско трансфер барање за заминување од Мадрид доставиле и Кристијано Роналдо и Серхио Рамос.
Ова секако не се добри вести за Флорентино Перез кој сеуште не е на чисто со Зидан. Според „Газета дело спорт“, првиот човек на „Кралевите“ веќе е во преговори со Масимилиано Алегри и наскоро ќе биде познато дали тренерот на Јувентус ќе прифати ангажман во Шпанија.
Во меѓувреме се појавија и неколку шпекулации со иднината на Варан и на Ковачиќ во белиот дрес. За Варан постои сериозен интерес од неколку тимови од Англија додека за Ковачиќ заинтересиран е Баерн Минхен и ПСЖ.