Имено пред неколку дена Лео за прв пат доби Оскар за филмот „Повратник“, а Даниел исто така доби Оскар и тоа вчера, пишува „Вистина“.
Станува збор за наградата Оскар на популарноста на БиХ и Република Српска, кои се доделуваат во Бањалука, а со која се одликуваат оние кои биле најпопуларни на ова подрачје. Даниел Кајмакоски заслужено си ја доби оваа награда бидејќи е сакан на просторот на цела поранешна Југославија.
Скромен и фин, тој е момче кое едноставно плени, што докажа и со победата на регионалното талент шоу Х Фактор, пред скоро две години, кога сите сложно гласавме за него со нашите заедно со обожавателите од сите соседни земји.