Фотографијата на популарната британска пејачка Адел обработена во Фотошоп стана вистински хит на интернет, а ако малку подобро се загледате во неа, ќе разберете и зошто.
Што ќе се случи кога ќе ги ротирате очите со ајлајнер и кога горната усна ќе ја смените со долната? Нешто што повеќе наликува на ѓаволска работа, отколку на беспрекорното лице на славната пејачка.
Гледате? Не изгледа баш најубаво, нели?
Иако сè уште не е познато кој прв ја едитирал оваа фотографија, се чини дека најпрво била објавена на Инстаграм профилот The Shade Room, а за кратко време доби повеќе од 28 илјади лајкови, пишува „Daily Mail”.
А, потоа, стана вирална.
Адел засега не се огласи по повод бизарниот Фотошоп, но познавајќи ја нејзината одлична смисла за хумор, веројатно и самата ќе ја објави на некоја од социјалните мрежи.